Ливерпул го совлада Евертон на гости со 4-1, победата на тимот на Јирген Клоп ја донесоа Хендерсон, Салах кој погоди два пати а Жота ја потврди победата.

Победа запиша и Манчестер Сити против Астон Вила со 2-1, головите за „граѓаните“ ги постигнаа Диас и Силва.

Триумф и за Челзи на гости кај Вотфорд, победи со 2-1, Маунт и Зијеч донесоа триумф на гостинскиот тим.