Реал Мадрид го претрпи вториот пораз на последните два натпревари во Ла Лига откако загуби дома од Алавес со 2:1.

Гостите имаа 2:0 по головите на Перез и на Жозелу а Касемиро ги постави конечните 2:1 во 86 минута.

Дополнителен проблем за Зидан е повредата на Азар поради која напаѓачот го напушти натпреварот по само 28 минути.