Фудбалерите на Борусија Дортмунд дојдоа до тешка но и значајна победа над Херта на домашен терен со минимални 1-0.

Стрелец за „милионерите“ беше Емре Џан во 58.минута, момент кој беше решавачки на овој натпревар. За домаќините на овој меч повторно не настапи Ерлинг Халанд, кој втор меч е надвор од строј поради повреда на коленото.

По 30.кола Дортмунд се наоѓа на втората позиција со 63.поени и седум минус во однос на лидерот Баерн Минхен, кој на четири кола до крајот е со една нога старо-нов шампион на Германија.