Рома го елиминираше Ајакс во четвртфиналето од Лигата на Европа со вкупен резултат 3:2 и за финале да се бори против Манчестер Јунајтед.

Реванш натпреварот во Рим заврши 1:1, а еден од јунаците на Рома беше поранешниот капитен Един Џеко. Центарфорот во 72-та минута постигна гол за 1:1, откако Ајакс опасно се закани да ги елиминара. Водеа Холанѓаните од 49-тата минта со голот на Брајан Броуби, а во 56-тата минута, ВАР му поништи гол на Душан Тадиќ.

Џеко ја спаси работата и тоа на асистенции на 18 годишниот лев бек Рикардо Калафиори.

Италијанецот повлече контра и се проби на левата страна, успеа да центрира и со малку среќа на го пронајде Џеко. Расниот голгетер го искористи зицерот без проблем и тргна да слави.

Голем гест на Един Џеко

Тоа стана една од најубавите фудбалски приказни сезонава.

Имено, во октомври 2018-та година тогаш 15 годишниот Калафиои тешко се повреди во еден натпревар од младинската Лига на шампиони. Продолжението на кариерата му беше доведен во прашање. Џеко тогаш својот хет трик во Лигата на шампионите против Викторија Плзен, го посвети на младиот Калафиори. Позираше со неговиот дрес и му беше голема поддршка.

Три години подоццна Калафиори и Џеко заедно го срушија Ајакс за големо европско остварување. Калафиори со асистенција го послужи Џеко, а Рома избори пласман во најдобрите четири во Европа лигата.