Фудбалерите на Џенова ја изненадија Болоња на гостински терен и славеа со 0-3. Сепак избраниците на Николо скапо ја платија оваа победа откако по само 13.минути игра останаа без Горан Пандев.

Погодоците во првиот дел беа дело на  Сумуаро и Санабриа, додека Кришито ги постави конечните 0-3. Тимот на Синиша Михајловиќ од 34.минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Шутен, а во финишот останаа и без Денсвил.

По ова коло Џенова и се доближи на само еден бод на Сампдорија која се наоѓа на 17.позиција која обезбедува опстанок во Серија А.