Борбата за опстанок на Џенова во Серија А продолжува спротивно од планираното за овој клуб по денешиот убедлив пораз од Сасусоло од 5:0 во 37 коло.

Горан Пандев беше дел од почентниот тим на Џенова а играта ја напушти во 72 минута, дополнителен проблем за Џенова е суспензијата на Никола кој денеска заработи црвен картон уште во 39 минута.

Удинезе со пресврт загуби од Лече со 1:2. Илија Несторовски го започна мечот за домаќинот кој поведе преку Самир во 36 минута.

На ова Манкоси одговори со гол од пенал во 40 минута, а конечните 2:1 за Лече ги постави Лападула.

Во последното коло од Серија А оваа сезона Удинезе ќе му гостува на Сасуоло а Џенова ќе ја дочека Верона.

Standings provided by SofaScore LiveScore