Фудбалерите на Верона има за што да жалат по денешниот натпревар против Џенова во 4 коло од Серија А.

Пресметката зааврши без голови и покрај тоа што домаќините 12 пати го погодија голот на Перин но немаа доволно спортска среќа.

За Џенова најубавата шанса на натпреварот ја имаше Горан Пандев во врвото полувреме. Нашиот репрезентативен капитен беше заменет во 79 минута од Паригини.

Во следното коло Џенова ќе го дочека Интер, додека Верона ќе гостува кај Јувентус.