Џенова на домашен терен е поразена од Фиорентина. „Виолетовите“ преставуваат хит на стартот од првенството, со оглед дека освоија девет од максималните 12 бодови. Да потсетиме дека лани се бореа за опстанокот во Серија „А“.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев влезе во игра во 53.минута од натпреварот, но не можеше да му помогне на својот тим да дојде до позитивен резултат.