Џенова загуби од Лацио со 2-3 на домашен терен, беше во постојана негатива на средбата на која не успеа да стигне до бод.

Лацио имаше водство од 2-0 со головите на Марушиќ и Имобиле кој стигна до својот  27 гол сезонава, овие двајца реализираа во 2 и 51 мминута.

 

Џенова намали преку  Касата во 57 минута и ја врати резултатската неизвесност. Тимот од Рим повторно дојде до два позитива откако погоди Гаталди за 1-3 во 71 минута.

Џенова преку Кришито од пенал во 89 минута стигна до 2-3 но тоа беше конечниот резултат.

 

Лацио на табелата има  59 бода на второто место, Џенова ја продолжува борбата за опстанок, во моментов е на 18. место со 22 бода.