Фудбалерите на Емполи ремизираа 2:2 со Џенова во првиот натпревар од 12. коло на Серија А.

Италијанскиот фудбалски шампионат го започна 12. коло  со натпреварот меѓу Емполи и Џенова, а натпреварот беше без победник – 2:2.

Емполи на тој начин ја испушти можноста да стигне до шестата сезонска победа и моментално се наоѓа на 8. место со 16 бодови, додека Џенова е „само“ бод  над зоната за испаѓање со 9 бодови.

Џенова многу подобро го започна овој натпревар и поведе преку Доменико Кришито во 13. минута, кога капитенот на Џенова реализираше пенал и ја задржа предноста до полувремето.

Во продолжение Емполи одигра многу подобро и веќе во 62. минута преку Ди Франческо израмни, а на чекор до победата им донесе Журковски во 71. минута од натпреварот.

Така се чинеше дека ќе биде до 89. минута, кога Бјанки и донесе израмнување и бод на Џенова.

Македонскиот фудбалер Горан Пандев мечот го проследи од клупата за резервни играчи , односно не доби шанса за настап.