Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Американецот Џовани Реина, постигна рекорд на Купот на Германија.

Тој на вчерашната средба со Вердер од осминафиналето на Купот на Германија постигна гол, со што го постави конечниот резултат 2:3.

Реина тоа го направи на свои 17 години и 82 дена, со што стана најмлад стрелец во историјата на Купот. Реина држи и уште еден рекорд – тој е најмладиот Американец во историјата на Бундеслигата.