Една од новите ѕвезди на германскиот и европски првак Баерн Минхен, дефанзивецот Алфонсо Дејвис, откри на социјалните мрежи интересна случка од неговото минато.

19-годишниот Канаѓанец обелодени дека во минатото конкурирал за работа во синџирот за брза храна „Мекдоналдс“, но оти никогаш не почнал со работа, бидејќи од компанијата воопшто не одговориле на неговото барање.

„Мекдоналс, доколку го гледате ова сакам да знаете дека конкурирав за работа во една од вашите филијали. Но никогаш не ми се јавивте“, наведе Дејвис во својата порака објавена на канала Јутуб.