Дефанзивецот на Челси, Левис Бекер кој во моментов е на позајмица во Фортуна Диселдорф постигна ефектен автогол на дуелот со Баер Леверкузен.

„Фармацевтите“ имаа причини за радост по само шест минути на гостувањето кај Фортуна откако поранешниот младински репрезентативец на Англија ефектно го совлада неговиот голман, Стефен.