Ливерпул и Лестер го играат последниот натпревар од денешната програма во Премиер лигата, средбата е во тек, актуелниот првак на Англија поведе со автоголот на Еванс, по првиот дел има водство со 2-0.

Во 21 минута Еванс несмасно реагираше и едноставно ја заби топката во сопствената мрежа  за водство на Ливерпул. До крајот на првиот дел погоди и Жота за конечни 2-0 по 45 минути игра.