Шкендија е поразена во Скопје од Дуделанж со 2-1, пеколни четири минути на гостинскиот тим за пресврт и победа на арената „Тодор Проески“ .
Тетовчани поведоа со 1-0 со голот на Ибраими по седум минути игра од пенал. Ова најави лесна и убедлива победа на нашиот шампион.
Сепак, фуриозно второ полувреме на тимот од Луксембург, два гола во период од четири минути, подароци од голманот на Шкендија , Реџепи, најнапред во 64 минута Адел израмни на 1-1, само четири минути подоцна од пенал Даниел Синани погоди за 1-2.
Ваква катастрофа на Шкендија никој не очекуваше, поготово не од тим кој доаѓа од Луксембург, се чини на клупски план ќе мора да се задоволиме со ништо сезонава.
Be the first to write a comment.