Супер дербито во Бундеслигата ги оправда сите очекувања, заврши со победа на Баерн кој во Дортмунд ја реши Борусија со 3-2, клучен беше пеналот во 77 минута, реализираше Левандовски кој запиша втор гол за триумф на екипата од Минхен.

Бранд погоди за Дортмунд, а потоа следуваа два гола на Баерн преку Левандовски и Коман за 1-2 по првите 45 минути.

Халанд израмни со убав гол во 48 минута на 2-2 и најави дека „милионерите“ не се откажуваат од бодови.

Сепак Баерн Минхен стигна до победа со голот на Левандовски од пенал во 77 минута, се зацврсти на првото место со 34 бода, има четири повеќе од Дортмунд кој е на второто место.