Сити го прегази Њукасл со 5-0, екс првакот на Англија демонстрираше сила и моќ, ја оправда фаворитската улога.

Манчестер Сити немаше никакви проблеми на оваа средба, поведе со голот на  Жесус по 10 минути игра, прв за него по февруари. Следуваше уште еден преку Марез во 21 минута за конечни 2-0 по првото полувреме.

Домашните диктираа темпо и игра и во вториот дел, следуваа автоголот на Фернандез и супер голот на Силва од слободен удар за  4-0 во 65 минута. Конечните 5-0 ги постави Стерлинг во 91 минута.

 

На останатите средби денеска, Вест Хем загуби од Барнли со 1-0 на домашен терен, еден гол и на средбата Шефилд – Вулверхемптон за победа на домашниот тим.