Италијански Наполи не ја оправда улогата на фаворит на гостувањето кај Генк (0:0) во второто коло од групата Е во Лигата на шампионте.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го започна мечот во Беглија кој заврши без голови а беше повлечен од игра во 58 минута.

Влегувањата на Мертенс и на Љоренте во второто полувреме не го дадоа посакуваниот резултат за Анчелоти кој за втората победа во новата сезона во ЛШ ќе мора да го почека третото коло и гостувањето кај Салзбург.