Елиф Елмас стрелец во поразот на својот Наполи на гостувањето во Москва кај Спартак.

Спартак Москва поведе по само три минути игра откако прецизно од белата точка стрелаше Александр Соболев, истиот играч ја удвои предноста во 28-та минута, по асистенција на Виктор Мозес.

Конечните 2:1 ги постави нашиот Елиф Елмас во 64-та минута по асистенција на Андреа Петања.

Со овој пораз Наполи на коло пред крајот има седум бода и е на втората позиција во својата група, исто толку на првата има денешниот противник на Елмас. Шест бода пак има Легија Варшава на третата позиција, додека на четвртата Лестер има 5. Овие два тима имаат меѓу себе вечерва.