Нашиот Елиф Елмас одигра половина час во мечот каде Наполи успеа да се врати од негатива со 2:0 и да одигра реми против Лестер во Лигата на Европа.

Мечот заврши 2:2, иако се беше подготвено за победа да слават Англичаните.

Лестер дојде во водство со голот на Ајозе Перез во 9-тата минута. На 2:0 зголеми Харви Барнс во 64-тата минута.

Кога сите мислеа да Лестер ќе дојде до сигурна победа на сцена стапи Виктор Осимен. Тој прво стрелаше во 69-тата минута, а конечниот резултат го постави во 87-та минута.