Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и Наполи ќе играат во големото финале во среда против Јувентус за трофејот од Купот на Италија.

Ова е епилогот од реваншот во полуфиналето меѓу Наполи и Интер одигран на „Сан Паоло“, натпреварот заврши 1:1 и поради победата на Наполи во Милано од првиот меч од 1:0 избраниците на Џенаро Гатузо се пласираа во финалето.

Гостинот поведе со голот на Кристијан Ериксен во 2 минута а домаќините се вратија во игра преку Мертенс во 41 минута.

Елиф Елмас беше дел од почениот состав на Наполи, играше до 65 минута кога на негово место влезе Фабиан Руиз.

Вчера во воведното полуфинале Јувентус го елиминираше Милан благодарение на плравилото гол на гости.