Наполи ја продолжи низата без победа во Серија А откако освои само бод на гостувањето кај Милан (1:1) во 13 коло.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар во кој заработи жолт картон.  Наполи дојде до водство преку Лозано во 24 минута.

Милан израмни со голот на Бонавентура по асистенција на Круниќ во 29 минута.

Во следното коло Наполи ја дочекува Болоња а Милан гостува кај Парма.