Ситуацијата во групата Е во Лигата на шампионите е комплицирана, Ливерпул го пречекува Наполи, Анлгичаните имаат бод предност, во Неапол загубија со 2-0.

Ливерпул сака реванш за поразот на првата средба, Наполи е под притисок од Салцбург кој сеуште има шанси за второто место.

Наполи нема право на пораз, Ливерпул е во предност, игра пред своите навивачи а и целокупната ситуација кај тимот од Италија е комплицирана по бунтот на дел од играчите и казните кои им ги изрече клубот.

Карло Анчелоти на прес конференцијата пред мечот со Ливерпул изјави дека не сака да зборува на темата „казни“, Инсиње остана во Неапол,тренерот на Наполи сепак верува во тимот во кој од првата минута ќе започе Елиф Елмас на „Енфилд“.

Наполи веќе тренираше во официјалниот термин, подгтовен з аутрешната средба.