Наполи и Салцбург одиграа нерешено 1-1 во Неапол, Елиф Елмас не доби минутажа на оваа средба по која тимот од Неапол ја задржа втората позиција на табелата во групата Е.

Салцбург поведе со голот на Халанд по 11 минути игра на „Сан Паоло“.

Наполи дојде до израмнување преку Лозано пред крајот на првиот дел кога погоди во 44 минута.

Иако имаше цело второ полувреме за пресврт, Наполи не успеа да запише победа. Со овој бод тимот од Неапол е втор на табелата со 8 бода, има еден помалку од Ливерпул кој едвај го победи Генк со 2-1.