ВНаполи и Милан одиграа нерешено 2-20, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 65 минута од средбата.

Милан поведе со голот на Тео Хернандез во 20 минута од натпреварот. Следуваше израмнување на Наполи преку Ди Лоренцо во 34 минута.

Во второто полувреме Наполи стигна до пресврт со голот на Мертенс по 15 минути игра. Конечните 2-2 ги постави Кеси од пенал во 73 минута.

Наполи со 52 бода ја задржа шестата позиција, Милан со два бода помалку се наоѓа на седмото место.