Елиф Елмас и Наполи непоразени ја напуштаат Болоња, одиграа 1-1 со тимот на Синиша Михајловиќ.

По еден гол во двете полувремиња, Наполи поведе со голот на Манолас во 7 минута.

Домашните израмнија преку Баров во 80 минута, претходно ВАР поништи гол на Болоња. Елиф Елмас беше заменет во 69 минута, одигра солидно. Наполи има 53 бода на 6 место, Болоња со 43 бода се наоѓа на 10 позиција.