Фудбалерите на Наполи славеа на гостувањето кај Лече со 1-4 и ја оправдаа фаворитската улога. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го започна мечот за тимот од Неапол за кој одигра 75 минути во кој не успеа да асистира или да постигне гол.

Наполи уште во првиот дел со головите на Љоренте и Инсиње ја навести победата, а во вториот дел преку Руиз зголемија на 0-3. Почесниот погодок за домаќините беше дело на Манкосу во 64 минута, додека Љоренте со својот втор гол ги постави конечните 1-4.

Со оваа победа Наполи се наоѓа на 3 позиција на табелата со 9 освоени бода зад Јувентус со 10 и Интер кој е лидер со 12 поени.