Наполи со пресврт стигна до нови три бода, откако славеше на гостувањето кај Бреша со 1-2. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас на овој дуел одигра 76.минути во кој одигра сосема солидно.

Бреша по првиот дел имаше водство со голот на Чанселор, но гостите од Неапол во на стартот од вториот дел стигнаа до комплетен пресврт. За израмнување погоди Инсиње од пенал во 49.минута, додека пет минути подоцна Руиз со ефектен гол ја донесе победата на Наполи.

Бреша во финишот на мечот преку Балотели имаше одлична можност да израмни, но италјанецот шутираше крај голот на Оспина.