Екипата на Наполи останува на врвот на табелата во Италијанската Серија А откако го совлада Торино со 1-0 на домашен терен.

Наполи е единствената екипа со стопроцентен учинок оваа сезона во Серија А , односно тимот од Неапол има 8 победи во 8 одиграни натпревари со Серија А.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 71.минута на местото на Лоренцо Инсиње кој не успеа да реализира пенал во првиот дел , и беше асистент за погодокот на Виктор Осимен за победа на Наполи.

По една одлична тимска акција на Наполи , Мертенс влезе во шеснаесетникот и биеше од левата страна, при што топката се одби до гостинската одбрана , која не успеа да расчисти и го погоди Македонскиот репрезентативец во грбот кој му асистираше на Осимен за погодокот.

Наполи во следното коло го очекува дерби мечот со Рома , додека Торино ја пречекува Џенова на Горан Пандев.