Неизвесен и атрактивен меч одиграа Фиорентина и Наполи на „Артемио Франки“ во 1 коло од новата сезона во Серија А. Наполитанците победија со 4:3.

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас доби шанса во составот на Анчелоти откако влезе од клупата за резерви во 72 минута на местото на Алан.

Инсиње постигна два гола за Наполи, по еден беа дело на Мертенс и на Калјехон. За домаќините прецизни беа Пулгар, Миленковиќ и новото засилување Кевин Принс Боатенг.

 

За Фиорентина дебитираше и Франк Рибери откако влезе во игра во 78 минута на местото на Сотил.