Барселона го победи Наполи со 2-1 во Мајами на турнеата во Америка на двата клуба кои ќе одиграат уште еден меч за два дена во Мичиген.

Елиф Елмас повторно беше стартер во тимот на Наполи, одигра солидни 57 минути во Мајами .Серхио Бускец ги доведе каталонците во водство во 39 минута. Само три минути подоцна Наполи израмни со автоголот на на Умити.

Конечниот резултат го постави Ракитиќ во 71 минута кога реализираше за 2-1.