Арсенал успеа да дојде до победа од 0:2 на гостувањето кај Њукасл во рамките на 34-тото коло од Премиер лигата.

Арсенал уште на старт дојде со голот на Мохамед Елнени во шестата минута.

Конечните 0:2 ги постави Пјер Емерик Аубамејанг 60 минути подноцна, односно во 66-тата минута.

Со оваа победа Арсенал се искачи на 10-тата позиција со 49 бода, а Њукасл остана 17-ти со 36 бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore