Напаѓачот на Еспањол, Адри Ембарба го постигна својот прв гол во новиот клуб во Ла Лига откако маестрално изведе слободен удар во 35 минута на гостувањето кај Севиља.

Домаќинот имаше осумина во живиот ѕид пред Вацлик, Банега се обиде да го покрие и дело под играчите кои скокнаа при изведувањето на слободниот удар но и покрај се Ембарба успеа да се израдува на гол.