Вилјареал ремизираше со Хуеска 1:1 во 1 коло од новата сезона во Ла Лига. Унаи Емери немаше старт како што посакуваше на клупата на „Жолтата подморница“.

Домаќинот одигра лошо прво полувреме во кое гостите поведоа преку Мафео во 42 минута. За да избегнат срамен пораз, избраниците на Емери треба  да му се зблагодарат на Морено кој реализираше пенал во 68 минута.

Нова шанса за прва победа на клупата на Вилјареал, Емери ќе има во следното коло повторно на домашен терен против Еибар.