Леванте освои бод на домашен терен против Ваљадолид откако одигра 2:2 во натпреварот од 20 коло од Ла Лига.

Роџер ги постави конечните 2:2 во 83 минута по асистенцијата на Радоја. Енис Барди ги одигра првите минути за Леванте по паузата поради повреда, влезе во игра во 84 минута.

Во следното коло Леванте ќе му гостува на Реал Мадрид, натпревар на кој очекиуваме Барди да биде стартер во тимот на Лопез.