Со единствениот погодок дело на Муса Дембеле постигнат во осмата минута, „галските петли“ ја совладаа Хрватска во вториот натпревар од денешната програма на Европското фудбалско првенство за фудбалери до 21 година.

Хрватите беа најблиску до погодок во 69-тата минута, кога Куленовиќ биеше добро, но неговиот удар заврши само во дирекот.

Овој триумф на Франција значи дека избраниците на Грачан веќе немаат шанси за понатамошен пласман, додека Франција со втората победа на турнирот се израмни со бодовното салдо со Романија, која претходно во трилер натпревар ја совлада Англија со 4:2