Шпанија ќе биде противник на Германија за титулата на Европското првенство за фудбалери до 21 година, откако „црвената фурија“ ја совлада Франција со уверливи 4-1.

Натпреварот започна одлично за Франција, откако „галските петли“ први го отворија резултатот со погодокот на Матета од пенал во 16-тата минута. Радоста на французите траеше само 12 минути, бидејќи во 28-та минута Марк Рока ги постави работите повторно на почеток.

Во петтата минута од продолжението на првото полувреме, Шпанија дојде и до пресврт, откако од белата точка овој пат на спротивната страна, реализираше Микел Ојарзабал.

Во второто полувреме Шпанија не остави ништо на случајност, па така Дани Олмо уште во втората минута од вториот дел зголеми на 3-1, а во 67-та резервистот Борха Мајорал ги постави и конечните 4-1, откако стрелаше само четири минути по влегувањето во игра.

Веќе во недела не очекува и финалето на овогодинешното Европско првенство, а Шпанија и Германија ќе ги одмерат силите за златото.