Навивачите на Тотенхем го дочекаа кам-бекот на Герет Бејл во тимот каде што се прослави пред да направи трансфер во Реал Мадрид.

Велшанецот влезе од клупата за резерви и немаше ден за паметење во ремито со Вест Хем од 3:3.

Бејл имаше прекрасна шанса во 92 минута при резултат 3:2 за домаќините но не успеа да го погоди голот на „Чеканите“ ..

Жозе Мурињо остана вчудоневиден од реакцијата на напаѓачот кој ќе сака што поскоро да го заборави ова ….