Ајакс и во следната сезона ќе го предводи харизматичниот Ерик тен Хаг. Холанѓанецот денеска потпиша нов договор со кој се обврза на верност до 2022 година.

Интересот од неколку европски гиганти не го предомисли Ерик да одбие нов договор иако се шпекулираше дека тимови како Баерн Минхен и Интер размислуваат за негов ангажман.

Ајакс во минатата сезона ја освои двојната круна во домашното првенство а во Лигата на шампионите беше елиминиран од Тотенхем во полуфиналето.