Интер со предност од 2-0 по првата средба против Лудогорец во Разград се враќа во Милано, прва средба 1/16 финале во Европа лигата.

Клубот од Милано комплетно доминираше во Бугарија, поведе со 1-0 во 71 минута со дебитантскиот гол на Кристијан Ериксен, кој дојде во јануарскиот преоден рок од Тотенхем.

Конечните 2-0 ги постави Лукаку со гол од пенал во судиското продолжение од средбата.

Интер со оваа победа го направи извесен реваншот во Милано, предноста од 2-0 ветува сигурен прогрес на клубот од Милано во осминафиналето.