Фудбалерите на Еспањол го совладаа Сосиедад со минимален резултат 1:0 во рамките на 15. коло од Ла Лига.

Стрелец на единствениот гол беше Аанхел Ерера во 77. минута од натпреварот.

Двата тима имаа по една шанса, додека мрежата ја затресе само играчот од средниот ред на каталонскиот тим.

Неговиот соиграч Чави Пуадо ја погоди стативата во 39. минута, додека на другата страна во 63. Аднан Јанузај ја затресе пречката.

Еспањол направи скок на табелата, сега е 9-ти со 20 бодови.

Девет бода повеќе има Сосиедад, за кого ова е само втор пораз во првенството и кој е веднаш зад лидерот Реал Мадрид со два натпревари повеќе.