Фудбалерите на Осасуна го совладаа Еспањол со 1-0 и стигнаа до осмата сезонска победа со која се наоѓаат на 11.место на табелата.

Стрелец на голот за домаќините беше Ренато Торес со удар од белата точка во 51.минута.

За разлика од Осасуна, Еспањол запаѓа во се поголема криза и се наоѓаат на фенерџиската позиција на табелата со 20.поени и ги очекува жестока борба за опстанок.