Евертон и Манчестер Јунајтед одиграа 1-1, а она што е интересно двата погодоци беа видени во првите половина час.

„Карамелите“ во водство дојдоа по кардиналната грешка на Давид Де Хеа кој при обид за дегажман го погоди, шпицот Луин и топката заврши зад негоиот грб. Сепак, „Црвените ѓаволи“ брзо стигнаа до израмнување по одличниот шут од далечина на Бруно Фернандес.

Тотенехме и покрај водството од 2-1 на полувреме, успеа да загуби од 2-3 од Вулверхемтон и да го доживее 10.сезонски пораз.

Фудбалерите на Мурињо на два пати водеа со головите на Орие и Берџин, но гостите покажаа карактер и успеваа да се вратат во игра, за во 73.минута преку Хименез дојдат до водство и победа.