Евертон со 1-0 го совлада Саутемптон, натпревар од 26 коло во Премиер лигата, решавачки беше голот на Ричарлисон уште во 9 минута.

Домашните брзо поведоа, Ричарлисон реализираше по само девет минути игра, резултатот остана до крајот на натпреварот.

Евертон со новите 3 бода сега има вкупно 43 на седмата позиција, Саутемптон е на 14 позиција со 30 бода.