Искусниот дефанзивец на Лацио, Франческо Ачерби во својата кариера има постигнато 20 погодоци, но оној последниот е вистинско ремек дело.

Во мечот меѓу Лацио и Торино синоќа, Ачерби со вистински проектил во 25 минута им донесе водство на „Лациалите“.

Лацио на овој меч славеше со убедливи 4-0 и стигнаа до 5. победа сезонава.