Бриж избори голем бод на тешкото гостување во Истанбул против Галатасарај во меч кој одлучуваше за патникот во Лигата на Европа на пролет. Херој за гостите беше Диата во 92 минута, а следната акција заработи и црвен картон.

Фудбалерите на Галатасарај со голот на Бујук рано го отворија резултатот што донесе голема радост меѓу навивачите на турскиот гигант, но нивната радост им ја упропасти Диата со спектакуларен удар од 25.метри.

По овој меч Бриж остана на третата позиција со 3 поени, додека Галатасарај е последен со 2 бода, но и какви такви шанси за пласман во Лигата на Европа. Првите две позиции им припаѓаат на фаворитите ПСЖ и Реал Мадрид.