Шкендија е во третото квалфикациско коло на Европа лигата откако со голот на Ибраими го совлада Ботошани во Романија, единствениот гол е постигнат во 2 минута.

Ибраими на мајсторски начин погоди по 120 секунди игра, го лобуваше голманот на Ботошани кој беше немоќен да одговори на предизвикот.

Шкендија во 67 минута остана со играч поамалку, втор жолт картон доби Алими, н и покрај тоа тимот од Тетово успеа да ја задржи предноста од втората минута.

За Ботошани настапија Бабунски и Ашковски, првиот играше од првата до 79 минута, вториот излезе од игра во 46 минута.

Шкендија во следното коло во плеј офот се среќава со подобриот од дуелот Локо Пловдив- Тотенхем.