Кит Го со 2-1 го совлада Скопје и обезбеди пласман во следната рунда на Купот на Македонија.

На „Градскиот стадион“ во Штип,  Владимир Дујовски го постигна првиот гол во 24 минута за 1-0. Иво Јанакиевски од пенал израмни за Скопје. Конечните 2-1 ги постави Рунтев со еврогол за пласман на екипата од Пробиштип.