Академија Пандев со евроголот на Сашко Пандев ја запиша првата победа сезонава во ПМФЛ, и тоа против шампионот Шкендија со што најави дека ќе игра за висок пласман и оваа сезона.

Сашко Пандев погоди на прекрасен начин од слободен удар во 55 минута, ремек дело на капитенот на тимот од Струмица.