Денеска се одиграа средбите од 10 коло во ПМФЛ, се играше ефикасно, еврогол постигна Воша во Ѓорче Петров, екипата на Македонија запиша триумф против Академија Пандев со 3-1.

Воша, Мишевски и Калид погодија за Македонија ЃП, за гостите од Струмица единствениот гол е дело на Маслаќ кога израмни на 1-1. Голот на Воша во 5 минута е ремек дело какво што се гледа во топ првенствата.

Вардар испушти победа против Ренова, натпреаврот заврши 3-3,во првото полувреме постигнати пет гола, за црвено-црните погодија Мирчевски, Попзлатанов и Петковски по еднаш се запишаа во листата на стрелците за Вардар, за гостите погодија Селмани и Велија. Ренова избегна пораз со гол во 90 минута преку Јашаровски.

Шкендија киксираше со Работнички, само 1-1, тетовчани поведоа со голот на Ибраими, гостите од Скопје израмнија преку Станковски.

Пелистер и  Струга ТЛ одиграа нерешено 1-1, Лена го доведе гостинскиот тим во водство, Хот израмни во финишот на средбата. Беласица и Борец одиграа ефикасно со четири гола, но без победник, средбата заврши 2-2.

На табелата првото место го делат Шкендија и Шкупи со по 22 бода.